Австриските компании бараат партнери во Македонија

Bez autora
Oct 21 2014

Компании од Австрија од областа на градежништвото и патната и железничката инфраструктура идниот месец ќе дојдат во Македонија за да најдат потенцијални партнери за подолгорочна соработка. Можности за зголемено партнерство има и во областа на заштитата на животната средина, земјоделството, автомобилската индустрија, текстилот и туризмот. Ги покануваме македонските компании ако имаат свои проекти да се обратат во Стопанската комора на Македонија, СКМ, и да пронајдат партнери од Австрија“, изјави Наташа Димеска-Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора, на вчерашната прес- конференција „Бизнис-контактите - основа за зголемена трговска размена со Австрија.

Австриските компании бараат партнери во МакедонијаКомпании од Австрија од областа на градежништвото и патната и железничката инфраструктура идниот месец ќе дојдат во Македонија за да најдат потенцијални партнери за подолгорочна соработка. Можности за зголемено партнерство има и во областа на заштитата на животната средина, земјоделството, автомобилската индустрија, текстилот и туризмот.

„Ги покануваме македонските компании ако имаат свои проекти да се обратат во Стопанската комора на Македонија, СКМ, и да пронајдат партнери од Австрија“, изјави Наташа Димеска-Стојаноска, директор на Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка при Стопанската комора, на вчерашната прес- конференција „Бизнис-контактите - основа за зголемена трговска размена со Австрија. Таа додаде дека соработката меѓу австриската и македонската комора, особено годинава, е последица на иницијативите на Герхард Шлатл, трговското аташе при Комората на Австрија во Скопје. Како резултат на неговите идеи за соработка, до крајот на годинава ќе се одржат пет бизнис-настани и форуми во Скопје и во Виена.

Според Шлатл, Македонија е мал пазар на кој добрите фирми веднаш се детектираат, а битно е што 50 отсто од компаниите кои учествуваат на форуми успеваат да најдат свој долгорочен партнер.

Во периодот јануари - август годинава вкупната размена меѓу Македонија и Австрија е 127,5 милиони долари, што е за 4,15 отсто повеќе од истиот период лани. При тоа, извозот изнесува 34,5 милиони долари, што е зголемување за 14,54 отсто.

Австрија е наш четиринаесетти партнер и втор најголем инвеститор во последните пет години. Од 1997 до 2013 година австриските инвестиции во земјава изнесувале вкупно 484,3 милиони евра, а најмногу влегле во 2011 година од 64,42 милиони долари. Меѓу нив се ЕВН-Македонија, Шпаркасе банка, ВИП, „Соравија груп“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik